Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс јасно стави до знаење на Конференцијата на ОН за климата во Египет дека ЕУ нема да премине одредени црвени линии во напорите за напредок во преговорите за конечна декларација од самитот.

– Подобро да немаме одлука отколку лоша одлука, им рече Тимерманс утрово на новинарите на состанокот во Шарм ел Шеик, јави ДПА.

Тој рече дека ЕУ е многу загрижена за некои позиции во преговорите, кои траеја и во текот на ноќта. Унијата ќе продолжи да се залага за договор, но исто така е подготвена да ја напушти конференцијата без декларација доколку е потребно.