Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски во рамки на посетата на Турција, како дел од владина делегација, по средбата во март годинава, денес оствари продуктивна средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на компанијата Cavo Otomotiv. На средбата се разговараше за плановите за инвестирање во ТИРЗ, при што беа разгледани конкретните чекори за успешна реализација.
Мултинационалната корпорација Cavo Otomotiv изрази сериозна подготвеност за инвестиција на нова фабрика во ТИРЗ Скопје во износ од 25 милиони евра каде што ќе има 500 нови рабтни места.
Директорот Димовски го посочи значењето на инвестицијата на Cavo Otomotiv, земајќи предвид дека турските инвестиции во зоните континуирано растат. Воедно, беа истакнати напорите и посветеноста на Дирекцијата за ТИРЗ како институција која активно работи за подобрување на условите за инвестирање во соработка со Владата и сите засегнати страни.
Основана во 1984 година, Cavo е мултинационална корпорација, која работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили. Компанијата освен во Турција, моментално е присутна и во Канада, Германија и Словачка, а потенцијалната инвестиција во рамки на ТИРЗ ќе има клучно значење како за Македонија, така и за Европа.