ТОЧНО НА ПЛАДНЕ АФЕРА ПАРАЗИТИ: Како владини функционери вртат илјадници евра, а народот и со две минимални тешко преживува

/ 14.11.2022

ВМРО-ДПМНЕ денеска најавува објавување на, како што ја нарекоа, аферата „Паразити“, односно како владини функционери вртат илјадници евра за еден мандат.

-Додека народот гладува и две минимални плати не се доволни за да ја покријат потрошувачката кошничка, функционерите на власта заработуваат илјадници евра во нивниот мандат. Кога ќе се погледнат фактите кои од денеска ќе ги презентираме на пресконференции ќе се дојде до логичен заклучок дека може да се заштедат милиони, ако не се алчните функционери на СДС. Ќе објавиме шокантни податоци, од кои ќе стане јасно зошто власта не е загрижена за инфлацијата, а тоа е затоа што нејзините функционери буквално не ја чувствуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека функционерите на власта буквално живеат во луксуз, а народот страда. Сите детали околу аферата Паразити партијата ќе ги објави денес на прес конференција во 12 часот.


Од истата категорија