Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти загуби во првото коло на Олимписките игри, правејќи 55 грешки.

Шампионката од Вимблдон, загуби од Шпанката Сара Сорибрис-Тормо со 4:6 и 3:6.

Австралијката по втор пат оваа сезона го заврши турнирот по првото коло.

Од друга страна, Сорибрис-Тормо, победува Топ 10 тенисерка по втор пат во 11 натпревари.

Претходно таа ја победи Наоми Осака (10) во Купот на Федерации.