Том Круз и Вал Килмер ќе ги повторат своите улоги како соперници во продолжението на „Топ Ган“, со поднаслов „Маверик“.

Во вториот дел од филмскиот хит од пред 32 години, Маверик (Круз) е обучувач на новите генерации пилоти на американската морнарица.

Режисер на филмот ќе биде Џозеф Косински, а сценариото го напишаа Ерик Сингер, Питер Крег и Џастин Маркс.

Премирата е закажана за 12 јули наредната 2019 година.