Тренерот на лондонски Челзи, Томас Тухел, изјави денеска дека воидечкиот тим во Премиер лигата Манчестер сити е фаворит број еден за англиската титула оваа сезона.
Челзи вечерва го игра дерби натпреварот од 21 коло во Премиер лигата против Ливероул, а двата тима се единствените конкуренти на тимот на Пеп Гвардиола, кој во трката за одбрана на титулаѕа во моментов има 11 бодопви предност пред Челзи, и 12 во однод на Ливероул.
„Манчестер сити делува како победничка машинерија. Сити точно знае што е потребно за една врвна сезона. И тоа константно го повторуваат“, ијзави Тухел , додавајќи оти неговиот тим, сепак, не се откажува од трката за титулата.
„Никогаш нема да престанеме да веруваме во своите способности. Ќе се бориме до крајни граници на нашите можности и секогаш ќе се бидуваме. Но, мораме да бидеме и реални во се уште. Мораме да бидеме и амбициозни, но не и преамбициозни за на крајот да не се чувствуваме фрустрирани“, додаде германскиот страге на клупата на актуелниот европски првак.