„Ко што рече Ѓеро на насловна “Премиерно ќе го крка Тони Шанац”. Но, животот е тркало. Час си горе, час долу.
Тоа што ме има во вашите црни тефтери за отстрел, што ги спомнуваше великиот режисер, само ми е доказ дека треба продолжам како и до сега“.

Ова е првичната реакција на Тони Михајловски по информацијата дека ОЈО поднело обвинителен предлог против него затоа што, како што навело Обвинителството „се заканил дека ќе стори кривино дело за кое е предвидена казна затвор до пет години“.

Станува збор за објава на Михајловски на ФБ во врска со стандардните пишувања на Бранко Тричковски за насилство и убивање кон високи функционери на минатата власт. ОЈО никогаш не реагирало на ваквите пишувања на Тричковски, но ете се огласи по повод реакцијата на тие пишувања од страна на Михајловски.