Најголемиот град на Нов Зеланд, Окленд, беше погоден од торнадо, два месеци по разорниот циклон Габриел, кој нанесе големи штети на земјата.

Службите за итни случаи во Окленд соопштија дека почнале да добиваат повици за „локален хаос“ околу 21 часот во неделата навечер, пишува „NZ Herald“.

Властите примиле повеќе од 30 повици, во кои луѓето пријавиле дека покривот од куќата им бил разнесен и дека се соборени дрвја.

Засега нема информации за повредени.

Пожарникарите им помогнаа на жителите да стават церади на покривите во текот на ноќта, а локалните власти соопштија дека најголемиот дел од штетата е направена на потегот помеѓу 11 улици.

Во Нов Зеланд за 12 часа се регистрирани 14.000 удари од гром, а силен дожд го погоди Јужниот остров на земјата.