Кошаркарот на Торонто репторс, Каваи Леонард, ќе одржи финални преговори околу неговата иднина во НБА-шампионот.

Ленард стана слободен агент по завршувањето на сезоната 2018/19 и за него интерес покажуваат неколку екипи.

Тој беше најзаслужен за првиот историски трофеј на канадаскиот тим и го доби признанието МВП на финалната серија.

Од Торонто се надеваат дека ќе успеат да го убедат Леонард да потпише нов договор. Претседателот на клубот Масаи Уџири, го нарече играчот вистинска ѕвезда.

За потсетување, Леонард се преселил во Торонто пред една година од Сан Антонио.