Безбедносната состојба на територијата на државата е стабилна, информира денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, по посетата на СВР Скопје.
Тошковски, исто така, потсети дека во пресрет на изборите МВР ги повика сите млади кои наполниле 18 години утре да се упатат кон пунктовите низ државата за да се фотографираат за лична карта која, како што рече, ќе биде изработена во разумен рок и да можат да го оставарт своето гласачко право.
Посочи дека не станува збор за голем број луѓе, односно за околу 500 лица и постапката може да се заврши за еден ден.
Во однос на динамиката на изработка на личните документи, Тошковски рече дека моментално се работи со целосен капацитет, но и дека не очекува да се зголеми во перидот што следи.
-За издавање на пасошот по итна постапка се чека пет до седум дена додека, по редовна постапка за околу два месеци. Да не се лажеме, тоа се капацитетите, изјави Тошковски.
Министерот за внатрешни работи исто така, рече дека во пресрет на изборите, при денешната посета на СВР Скопје бил информиран дека безбедноста состојба на територија на Скопје и целата територија на државата е стабилна.
Тошковски порача дека ниту еден полициски службеник не смее да биде член на политичка партија.
Министерот на денешната прес-конференција по остварената работна посета на СВР Скопје, одговорајќи на новинарско прашање околу фотографии на полициски службеници кои се појавија со политичари во Тетово рече дека ќе го провери случајот.
-Не би можел да прокоментирам нешто што не сум го видел. Нареден пат ќе ви дадам одговор на прашањето. Но, во секој случај согласно закон ниту еден полицаец не смее да биде дел од политичка партија, изјави Тошковски.
Додаде дека ќе провери и дали полицаец има право да се фотографира со политичар за време на кампања.
Тошковски, исто така посочи дека во Министерството за внатрешни работи се потребни системски и суштински промени.
– Работењето на Министерството за внатрешни рбаоти и тоа како треба да се подобрува и од технички, човечки аспект, потребни се и обуки во министерството. Во текот на овој краток временски период додека сум во Министерството заклучив дека една од клучните работи на кои ќе треба да се посвети внимание е едукација на полициските работнци како од аспект на униформирани полициски службеници, така и од апсект на полициски службеници кои постапуваат во останатите делови во Министерството, катастрофално стоиме во делот на техничка опрема, тука особено треба да се посвети внимание, појасни министерот.
Во однос на убиството на докторот кое се случи неодамна, Тошкоски рече дека моментно нема осомничен и дека не би можел да открие повеќе информации со цел да не ја загрози истрагата.
Фото: МИА архива