Настанот кај Смилковци е класифициран како убиство, истрагата е во рана фаза – информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочувајќи дека засега не може да открива повеќе детали бидејќи постапката е во почетна фаза.
Не можам да кажам детали. МВР настанот го класифицира како убиство, но сè уште сме во рана фаза – изјави Тошковски.
Тој воедно информира дека во „Макстил“ се обезбедувааат материјални докази за постапката што се води во Јавното обвинителство.
Тошковски притоа не прецизира дали станува збор за еколошки или економски криминал.
Постапуваме по наредба на Јавното обвинителство. Се обезбедуват докази, кои со Јавното обвинителство биле утврдени дека треба да бидат обезбедени. За сите чекори што ќе следуваат во иднина навремено ќе ја информираме јавноста – рече министерот Тошковски.




