Тотенхем го победи Манчестер сити вечерва во Лондон со 2:0 во дербито на 9. коло од англиската Премиер лига.

Со новите три бода „Спарс“ имаат вкупно 20 и избија на чело на табелата каде ќе бидат барем до утре.

Дуелот на стадионот на Тотенхем беше интересен и по тренерската пресметка меѓу лутите ривали Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола. За Португалецот ова е втора победа по ред, претходно со истиот резултат славеше на 2 февруари.

Во 24 меѓусебни пресметки Мурињо има седум победи, додека Гвардиола остана на 11.