Постојат големи шанси најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн да учествува во финалето на Лигата на шампионите со Ливерпул.

Англискиот репрезентативец го повреди глуждот во четвртфиналниот натпревар од ЛШ против Манчестер сити (1:0), и оттогаш нема одиграно натпревар.

Во сезоната 2018/19, Кејн настапи на 39 натпревари за Тотенхем, постигна 24 гола и оствари шест асистенции.

Финалето во елитното натпреварување за сезоната 2018/19 ќе се игра на 1 јуни во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“