Минатото лето, тимот на Тотенхем направи нешто изненадувачки, што не се случило во Премиер Лигата од 2003 година.

Тие не привлекоа нов фудбалер, што може да се објасни со изградбата на новиот „Тотенхем стадион“.

И покрај тоа што веќе го загарантираа своето учество во финалето на Лигата на шампионите, се чини дека шефовите на клубот почнаа да размислуваат и за летната селекција на клубот. „Спорт“ дури тврди дека „петлите“ го договориле својот прв трансфер за ова лето.

Станува збор за играчот на Евертон, Андре Гомеш. Се покажа дека тој е непотребен во Барселона и беше испратен на Островот, каде што одлично се справи со тимот на „карамелите“. Се очекува со отворањето на трансфер прозорецот, Гомеш да биде претставен како нов играч за лондонскиот тим, кој ќе даде 30 милиони евра за неговите права.