Македонскиот кошаркарски стручњак Емил Рајковиќ кој ја предводи Астана е прогласен за најдобар тренер оваа сезона во регионалната ВТБ лига.

Под раководство на 40-годишен Македонец, тимот заврши на шестото место во лигашкиот дел освојувајќи рекордни 15 победи за клубот.

Астана игра со Химки во плејофот и губи во четвртфиналната серија со резултат 0-2.

Рајковиќ ја презема Астана во јули 2018 година.