Тотенхем ќе го сруши својот трансфер рекорд по втор пат.

Откако го стори тоа со Танги Ндомбеле, сега се очекува да го подобрат со привлекување на Пауло Дибала од Јувентус, објавија голем број италијански и англиски медиуми.

Според информациите, „петлите“ ќе платат 80 милиони евра на „старата дама“ за аргентинскиот офанзивен играч. Јужноамериканецот е фаворит на менаџерот Маурисио Почетино, кој го смета за идеален партнер на високите позиции на Хари Кејн.

Дибала тешко ќе биде во плановите на Маурицио Сари по силната летна селекција, и се очекува ретко да влегува во стартните 11. Тој самиот сака да замине, но проблемот е што неговиот клуб бара премногу за него.

Во Италија велат дека неговата цена е 100 милиони евра, па дури и таквата примамлива понуда од Тотенхем можеби нема да биде доволна за негов трансфер. Во секој случај, претстојат преговори меѓу двата клуб