Не­ис­кажли­ва тра­ге­ди­ја му се слу­чи на слав­ни­от аме­ри­кан­ски ски­јач, олим­пис­ки­от по­бед­ник во спуст, Бо­де Ми­лер (40). Не­го­ва­та 19-ме­сеч­на ќер­ка се уда­ви­ла во ба­зен во по­не­дел­ни­кот, об­ја­ви ка­ли­фор­нис­ка­та по­ли­ција.

Не мо­же­ле да ја спа­сат

Еме­лин Ги­ер Ми­лер би­ла про­нај­де­на во нес­вес­на сос­тој­ба во ба­зе­нот на со­се­ди­те во Ко­та де Каза, во ок­ру­гот Оранж, јуж­но од Лос Ан­џе­лес. Тра­ге­ди­ја­та се слу­чи­ла ко­га Бо­де и не­го­ва­та соп­ру­га Мор­ган би­ле на просла­ва кај ис­ти­те со­седи. Ма­ла­та Еме­лин Ги­ер зав­рши­ла во ба­зе­нот, а ко­га би­ла из­вле­че­на од во­дата, за жал, би­ло прем­но­гу доцна. Ожи­ву­ва­њето, за жал, не ус­пе­ало, из­ја­вил ка­пе­та­нот на по­жар­ни­ка­ри­те То­ни Бо­ма­рито.

– Дол­го се оби­ду­ваа – ре­кол Бо­ма­рито.

Бо­де Ми­лер по нес­ре­ќа­та об­ја­ви по­ра­ка на Ин­стаг­рам, во ко­ја на­ве­ду­ва де­ка тој и не­го­во­то се­меј­ство се „по­ве­ќе од скршени“.

„Скрше­ни сме. На­ша­та ми­ла Еми вче­ра го за­гу­би жи­во­тот. Ни­ту во сон не се на­де­вав­ме де­ка ќе ис­ку­си­ме вак­ва болка. Неј­зи­на­та љу­бов и дух ни­ко­гаш не­ма да би­дат за­бо­ра­вени“, на­пи­шал Бо­де на Ин­стаг­рам.
Офи­ци­јал­на­та при­чи­на за смрт­та на ма­ла­та Еми сè уш­те не е ут­врдена.

Тра­ге­ди­ја по тра­ге­дија

Ова е вто­ра го­ле­ма тра­ге­ди­ја што му се слу­чи на Ми­лер во по­след­ни­те не­кол­ку го­дини. Не­го­ви­от брат Че­лоне, аме­ри­кан­ски сно­у­бор­дер, во 2013 го­ди­на ум­ре од на­пади, кои беа чес­ти по мо­то­цик­лис­тич­ка­та нес­ре­ќа и ко­ма­та во 2005 го­дина. Бо­де ток­му на сво­јот брат му ја по­све­ти брон­за­та во су­пер­ве­лес­ла­ло­мот на Олим­пис­ки­те иг­ри во Со­чи во 2014 го­дина, ка­де што им бе­ше сон да нас­та­пу­ва­ат за­едно.

Еме­лин бе­ше нај­ма­ла од че­ти­ри­те де­ца на Ми­лер, кој ги до­би со три раз­лич­ни жени.

Бо­де Ми­лер е нај­тро­феј­ни­от аме­ри­кан­ски ски­јач со шест олим­пис­ки ме­да­ли ос­во­е­ни во 2002, 2010 и 2014 го­дина, од кои злат­на од ком­би­на­ци­ја­та од Игри­те во Салт Лејк Си­ти (2002 го­дина). Ис­то така, ос­вои че­ти­ри нас­ло­ви на свет­ски прва­ци ка­ко и два Крис­тал­ни гло­бу­си во 2005 и 2008 го­дина.

Ски­јач­ка­та ка­ри­е­ра од­лу­чи да ја пре­ки­не пред не­кол­ку ме­сеци. Во 2012 го­ди­на се оже­ни со од­бој­кар­ка­та на пе­сок Мор­ган Бек. Го има­ат си­нот Едвард Ми­лер, ро­ден во 2015 го­дина, ед­на го­ди­на пред Еме­лин.