Трагедија се случила вчера во Москва на третиот ден од СП, кога тинејџер паднал од балкон на зграда од шестиот кат по што загинал на лице место. Како што јавија руските медиуми, најверојатно станува збор за Исланѓанец кој при падот повредил двајца аргентински навивачи кои се здобиле со полесни повреди.

Несреќниот тинејџер починал на лице место, а засега се работи и на откривање на причините за падот. Инаку, навивачите кои во тоа време се наоѓале на улица биле шокирани откако врз нив паднало младото момче. Несреќата се случила кратко по натпреварот Аргентина – Исланд кој заврши со резултат 1-1.