Во центарот на Нови Травник, во Босна и Херцеговина, вечерва околу 22 часот, пијан возач со „опел астра“, удрил во мајка и четири малолетни деца.

Според неофицијални информации, мајката и едно дете загинале на местото на несреќата, а докторите се борат за животот на другите три.

Полицијата, како што објавуваат медиуми во БиХ, го привела возачот, кој според првичните информации возел во пијана состојба, а наводно е познат на полицијата и од порано.

Медиумите додаваат дека бил уапсен Нермин Рустемпашиќ, склон кон кознзумирање и на наркотици.

На некои портали се појави и видео од местото на несреќата, а сцените се стравични, поради што не го објавуваме. На видеото се гледа како телата на загинатата мајка и ќеркичка, на неколку метри лежат раздвоени и мртви во локви крв. А животите на останатите три деца, кои се пренесени во болница, се во рацете на докторите.

Фотографиите се од местото на несреќата, пренесувањето на повредените деца во болница, како и возачот кој ја предизвика трагичната сообраќајка.