Едно лице загина при судир на два камиона на автопатот Тракија кај местото Оризово во реонот на Стара Загора.
Како што јави БГНЕС, несреќата се случила околу 06:40 часот по бугарско време (05:40 по македонско време) на „160-от километар на автопатот Тракија“ на коловозната лента во правец кон Софија.
ТВ21 повикувајќи се на првични неофицијални информации од бугарското Министерство за внатрешни работи информира дека загинатиот бил возач на камион со македонски регистарски таблици.