Пациент кој се лекувал утрово го загуби животот откако се фрлил од прозорецот на зградата на Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје. Станува збор за лице на 70-годишна возраст.

Трагичниот случај  го потврди и МВР, а на местото на случајот заврши увидот на полицијата.

Градската општа болница „8 Септември“ од 15 март минатата година е главен државен Ковид-центар. Во моментов таму се лекуваат 80-на пациенти со компликации од Ковид-19.

Неофицијално, пациентот бил хоспитализиран на 5 февруари.