Две деца ги загубија животите во тракторската несреќа што попладнево се случи во Стумичко.
Околу 15:15 часот, во СВР Струмица бил пријавен несреќниот случај за превртување на трактор и пад во река во близина на мост на локалниот пат меѓу селата Добрејци и Пиперево.
Во несреќата животот го загубиле две малолетни лица на возраст од 14 и 15 години.
Увид на лице место извршија јавен обвинител, увидна екипа од СВР Струмица и лекар, објавија Струмица денес.
По констатирање на причините за смртта телата на децата се предадени на семејствата. Се работи на целосно документирање на настанот.