Македонскиот атлетичар во скок во далечина Андреас Трајковски го освои четвртото место на Балканското првенство во Волос, Грција. Трајковски во последната серија оствари скок од 7.68 метри и кога мина Марко Влаховиќ од Србија – 7.65, додека на шестото место се пласираше Николаос Стаматониколаос од Грција со 7.62. Во силната конкуренција златниот медал го освои олимпискиот и светски првак Милтиадис Тентоглу од Грција со скок 8.36, пред Лука Бошковиќ од Србија – 8.19 и Божидар Сарабојков од Бугарија со 8.04.
По првите пет дисциплини во десетобој Огнен Стефановски е на четвртото место со 3.784 поени и заостанува 32 поени зад третиот Константинос Карајанидис од Грција. Стефановски во четири дисциплини постави лични рекорди, а во петтата најдобар резултат сезонава.
Национален рекорд во трката на 400 метри со пречки постави Јован Стојоски, кој истрча резултат 51.78 секунди, за четврто место во групата или вкупно деветти резултат во дисциплината.
Штафетата на македонскиот тим 4 × 100 метри во состав Андреас Трајковски, Владимир Битољану, Михаил Петров и Јован Стојоски постави најдобар резултат (национален рекорд) – 42.38 секунди и го освои деветтото место.
Денеска настап имаа и Марко Алексовски, Михаил Петров, Брајан Авиа.
Натпреварите на Балканијадата продолжуваат утре (недела). (МИА)




