Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека раководењето со кризата во Авганистан на претседателот Џо Бајден е резултат на „најглуп потег направен некогаш во историјата на САД“.
Тој во интервју за Фокс њуз додаде дека Бајден е опкружен со „заспани генерали“, кои своите приоритети од национална безбедност ги префрлија на либерална политика.
– Бајден и разбудените генерали се уште не се будни. Војниците сакаат да се борат, сакаат да бидат подготвени за борба, сакаат да бидат војници, но разбудените генерали го достигнаа нивото што никој не може да го сфати, посочи Трамп.
Тој додаде дека Бајден и командантите се обиделе да се повлечат од Авганистан, не како што беше планирано, туку по целосно погрешен распоред.
– Заборавија едно, заборавија да ги вратат луѓето и опремата во САД, огромна воена опрема. Тоа и дете би знаело да го направи. Армијата ја враќате на крај. Дете тоа би го разбрало. Како можеа тоа да и го направат на нашата земја? Тоа е така тажно, истакна Трамп.
Тој додаде дека од аспект на воената тактика тоа е срамота, најнепријатна работа што некогаш се случила на САД.
– Изгледаме како будали во целиот свет, слаби сме, патетични, не водат луѓе кои појма немаат што прават, посочи Трамп.