Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера одобрил воздушни напади врз Иран, откако Техеран го соборил американско беспилотно летало, но ја отповикал операцијата откако започнале првичните чекори.

Трамп вели дека го откажал планот откако му било сугерирано дека 150 Иранци најверојатно ќе бидат убиени во нападот.

„Бевме подготвени целосно за да се одмаздиме минатата ноќ на 3 различни места кога прашав, колкумина ќе умрат”, објави денеска Трамп на Твитер.

Кога му било кажано за бројот, Трамп рекол дека тој не е „пропорционален со уништувањето на беспилотното летало”.

Претседателот Трамп рече дека запрел операцијата 10 минути пред да почне нападот.