Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ќе го задржи потпретседателот Мајк Пенс за свој кандидат, кога во ноември следната година ќе ја бара поддршката за реизбор на функцијата.

-Многу сум задоволен од Пенс, изјави Трамп, за кого се очекува без проблеми да ја освои републиканската номинација за втор претседателски мандат. Тој ова го кажа пред да се влезе во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, пренесуваат британските меидуми.