Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да ја отпушти заменичката советник за национална безбедност Мира Рикардел откако влегла во кавга со првата дама Меланија Трамп, јавија американски медиуми.

Првата дама се пожалила на претседателот дека не е задоволна како кон неа се однесува Мира Рикардел која е со хрватско потекло. Таа е поранешна вработена во Боинг која работела и во претседателската кампања на Трамп и која оваа година е избрана од советникот за национална безбедност за свој заменик.

Извори од Белата куќа нагласиле дека Меланија Трамп отворено побарала од нејзиниот сопруг да ја отпушти Рикардел.

Портпаролка на кабинетот на првата дама изјави синоќа дека Меланија Трамп побарала од Белата куќа прекин на врските со Мира Рикардел.