Америакнскиот претседател Доналд Трамп најави дека денеска ќе упати важна порака.
– Ќе упатам важно соопштение за хуманитарната криза на нашата јужна граница и за парализата на влaдата во живо од Белата куќа, објави Трамп на Твитер.
Државната адмнистрација во САД е делумно парализирана од 22 декември заради барањето на Трамп за 5,7 милијарди долари за изградба на ѕид по границата со Мексико за кое демократите не се согласуваат.