Најмалку 20 луѓе загинаа и 71 се ранети во експлозија и пожар на нафтовод во централната мексиканска држава Идалго.

Стотици луѓе се собрале до нафтоводот откако тој бил оштетен близу Тлауелилпан, на 85 километри северно од главниот град Мексико Сити за да наполнат нафта со кофи. Полицијата истражува за причините за несреќата.

Државната нафтена компанија Пемекс соопшти дека нафтоводот бил незаконски оштетен.

Во минатата година Пемекс загубила околу 3,1 милијарда долари заради кражби на нафта од криминални групи и корумшпирани службеници.