Aмериканскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека наскоро планира разговори за воени прашања со колегите од Кина и од Русија во надеж дека ќе се стави крај на трката во вооружувњето.

– Сигурен сум дека со кинескиот претседател Си Џинпинг и јас, заедно со рускиот претседател Владимир Путин ќе почнеме да разговараме за  запирање на она што стана голема и неконтролирана трка во вооружувњето. САД оваа година потроши 716 милијарди долари. Тоа е лудост!, објави на Твитер Трамп.

Тој не откри повеќе детали. Вашингтон неодамна објави дека може да се повлече од договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија што е на сила од 1987 година.