„Отидовме во војна под лажни и недокажани премиси за постоење „оружје за масовно уништување“. Такво нешто немаше. Сега, полека и внимателно ги враќаме дома нашите храбри војници. Нашиот фокус е на големата слика. Америка е поголема од било кога порано“, напиша пред неколку минути американ скиот престедател Доналд Трамп.
Во претходната објава на Твитер, тој напиша и дека САД потрошиле осум илјади милијарди долари, односно осум трилиони долари (колку за споредба, според сегашните бројки, на Македонија би и требале 800 години да ги заработи тие пари со сегашниот БДП од 10 милијарди долари) борејќи на Средниот Исток.
„Илјадници наши војници умреа или беа тешко повредени. Милиони умреа на другата страна. Одењето на Средниот Исток беше најлошата одлука било кога донесена“, истакна Трамп.
Американскиот претседател очигледно мисли на инвазијата на Ирак под изговор дека земјата и Садам Хусеин поседуваат оружје за масовна деструкција. Во лажната пропаганда беа поддржани и од Велика Британија под водство на Тони Блер. Сите американски и британски медиуми застанаа зад оваа лага. Од истиот корпус беа поддржани и лажните вести во Македонија, како таа за половина милион фантоми, лажните вести со Мартин Нешковски итн.
Осум минути подоцна, тој напиша и дека демократите не прават ништо друго освен што се фокусирани на тоа како да им наштетат на републиканците и нему. На крајта, сепак порача дека без оглед на тоа, тој сепак ќе победи.