Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нов референдум за Брегзит во Велика Британија не е можно да се одржи бидејќи тоа ќе биде неправедно за оние кои гласале за напуштање на ЕУ.

Трамп тоа го изјави пред средбата со премиерот на Ирска, Лио Варадкар.

Тој додаде дека е изненаден до кој степен преговорите за брегзит се водат „лошо“.

– Изненаден сум кога гледам колку лошо се одвиваат нештата. Искрено мислам дека тоа можеше да биде договорено и на друг начин, изјави Трамп по повод договорот за брегзит отфрлен од британските пратеници веќе двапати.

Трамп додаде дека дебатите за брегзит „вршат поделби во државата“ и и дал совет на Меј како да дејствува во преговорите, но таа не го послушала.