Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го номинира Ерик Џорџ Нелсон за иден амбасадор на САД во Босна и Херцеговина, соопшти денеска Белата куќа.

Нелсон, димпломат од кариера во надворешната американска политика, обавува дипломатски должности од 1990 година. Тој моментно е заменик на извршниот секретар и директор на извршната канцеларија на секретаријатот на Стејт департментот, пренесува Фена.

Нелсон обавувал дипломатски служби во седум американски дипломатски мисии низ светот. Кариерата ја започнал како волонтер во Мировниот корпус во Либерија. Нелсон говори шпански, германски и италијански, соопштено е од Белата куќа.

Уште на почетокот од годинава беа објавени информации и во нашите медиуми дека американскиот дипломат Хојт Брајан Ји ќе биде назначен за нов амбасадор на САД во БиХ.

Нелсон доаѓа на местото од досегашната амбасадорка на САД во БиХ, Морин Кормак.