Во Србија се погласни се барањата за воведување повторно на задолжително служење воен рок. Во таа држава воената обврска беше укината во 2011 година.

И Франција најави чекори во тој правец. Во Франција сите 16-годишници мора да поминат еден месец работејќи во државна служба, со можност за доброволно служење дополнителни три месеци во армијата или полицијата.

Во Јужна Кореја сите военоспособни мажи мора да поминат 21 месец во пешадија, 23 месеци во морнарица или 24 месеци во ВВС. Имаат можност да служат во полиција, пожарникари, крајбрежна стража или во ретки случаи во државна администрација. Спортисти може да бидат ослободени ако освојат златен медал на Олимпијада или на Азиски игри.

Во Северна Кореја воениот рок е 11 години за мажи и седум за жени.

Еритреја – Сите мажи и млади неомажени жени во Еритреја мора да бидат 18 месеци во војска. Во пракса, тврдат хуманитарни организации, тој рок може да трае неколку години или доживотно. Избегнување на служење воен рок е според хуманитарците, главна причина млади Еритрејци да ја напуштат државата и да бараат азил во Европа.

Швајцарија – Во Швајцарија воената обврска е задолжителна за сите мажи од 18 до 34 годии. Обуката е 21 недела. Секоја година се оди на дообука. За жени не е обврзно, но може да се пријават доброволно. Досега трипати беа на референдум за укинување на обврзниот воен рок, и секогаш гласаа – против. Последен пат тоа беше во 2013 година.

Бразил – Воениот рок е обврска за мажи над 18 години. Студентите може да одложат. Потенцијалните регрути ги одбиваат кога цифрата е над бројот на потребни војници. За да бидат примени мора да минат физички тестови. Имаат мала плата, храна и сместување во касарни. Тоа привлекува голем број сиромашни Бразилци.

Израел – Воениот рок во Израел е обрска за мажите и жените. Мажите служат три години, а жените – две. Обврската важи за сите граѓани во државата и во странство. Врвни спортисти може да сметаат на скратен воен рок.

Сирија – Во Сирија сите мажи мораа да служат воен рок. Во март 2011 година претседателот Башар ал Асад го намали воениот рок од 21 на 18 месеци.

Турција – Турската војска се согласи со Владата за предлог законот со кој задолжителниот воен рок се скратува од 15 на 12 месеци. Генералштабот соопшти дека скратениот воен рок за кој можат да се пријават студенти, ќе остане шест месеци.Секој државјанин постар од 18 години задолжително мора да служи војска меѓу шест и 12 месеци, во зависност од нивото на студии и местото за војска во кое се пријавува.За сума од 12 илјади евра може да се откупи „неслужење“ во армијата.

Грузија – Само осум месеци откако го укинаа воениот рок, МО повторно воведе воена обврска. Новиот систем опфаќа воена обука од три месеци, а потоа служба во професионална војска со цел поддршка во следните 9 месеци.

Литванија – Повторно воведе воена обврска во 2016 година. Укинаа во 2008 година. Сега сите мажи од 18 до 26-годишна возраст мора да служат војска една година. Освен ако не се студенти или самохрани родители.

Шведска – Граѓаните на Шведска гласаа за повторно воведување воена обврска. Беше укината во 2010 година по 100 години обврска. Тоа значи дека од 13.000 луѓе родени во 1999 година, околу 4.000 ќе бидат повикани на служба.