Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во обид да собере пари за изградба на ѕид во тој дел од државата.

Американскиот лидер се обрати на нацијата од „Роуз Гарден“ во Белата куќа.

Тој ќе ја искористи вонредната состојба да ги добие парите на даночните обврзници за финансирање на изградбата на ѕидот без одобрување од Конгресот.

Мерката, која, според критичарите, е неуставна, се очекува да биде оспорена на суд. Некои републиканци веруваат дека одлуката на американскиот лидер е лоша идеја.

Шефот на државата истакна дека вонредната состојба е неопходна поради кризата со трговијата со луѓе, дрога и мигранти.