Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се уште имаат контрола врз Ормуската Теснина и се закани дека Иран ќе „биде разнесен“ доколку Техеран се обиде да ја промени ситуацијата.

„Тие немаат контрола. Ние имаме целосна контрола. Ние ја поседуваме и во одреден момент, можеби ќе направат нешто, а потоа ќе бидат разнесени. Во моментов сме во многу добра позиција“, рече Трамп како одговор на прашања од новинарите во воздухопловната база Ендрус во близина на Вашингтон.

Американскиот претседател претходно изјави дека Ормуската Тесннина е отворена, тврдејќи дека американската морнарица го пребарувала водниот пат за мини и го контролира, но податоците за превозот не го потврдија тоа, јави синоќа Си-Ен-Ен.