Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста да го смени од функција претседателот на Федералните резерви, Џероум Пауел.

Незадоволството на Трамп од шефот на Централната банка се засилило откако оваа недела беше одлучено да се зголеми основната камата и да се зачува темпото за намалување на вложувања во акции и други хартии од вредност.

Упраата на Фед ја зголеми основната камата  за 0,25 отсто до ниво на 2,25 – 2,50 за четврти пат оваа година.

Советници на Трамп го предупредиле дека отстранувањето на Пауел би било „катастрофален чекор“.