Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави фотографија на која тој е со заштитна маска на лицето.

– Сите сме обединети во напорите да го победиме кинескиот невидлив вирус и многу луѓе велат дека носењето маски при социјално дистанцирање не може да биде патриотски чин. Никој не е поголем патриот од мене, напиша Трамп на Твитер.

Тој го напиша твитот речиси по три месеца откако американскиот Центар за контрола на болести препорача носење маски.

Трамп ја постави фотографијата, која е направена во текот на неговата посета на воената болница во предградие на Вашингтон, каде прв и единствен пат носел маска во јавноста, по над едномесечно одбивање тоа да го направи.

Според Си-Ен-Ен, Трамп го сменил мислењето мотивиран од лошите резултати на предизборните анкети.

Во САД досега се потврдени 3,7 милиони заразени лица со коронавирус и 14.500 смртни случаи.