Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на Твитер откако беше хоспитализиран поради Ковид-19.

„Мислам дека оди на добро! Ви благодарам на сите! Ве сакам”, напиша Трамп.

Трамп со хеликоптер пренесен во болница

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е позитивен на коронавирус, префрлен е во болница, откако неговиот лекар соопшти дека тој чувствува замор, има грозница и покачена температура.

Портпаролката на Белата куќа Кејли Мекнени информираше дека Трамп е префрлен во воената болница „Волтер Рид“ во Бетазди, во Мериленд, од претпазливост и оти таму ќе престојува неколку дена.

На снимките од заминувањето на Трамп во болница се гледа дека тој е во добро расположение, иако со бавен од, во костум, со маска и со рака ги поздрави новинарите пред да влезе во хеликоптерот со кој беше пренесен во болница.

Мекнени прецизираше дека по препорака на лекарите и здравствените експерти препорачале тој да работи од претседателските канцеларии во болницата Волтер Рид. Медицински експерт за Си Ен Ен рече дека возраста на Трамп (74) и прекумерните килограми го зголемуваат ризикот од хоспитализација при Ковид-19.

Функционер од Белата куќа потврди дека Трамп ќе ги извршува своите должности од специјалниот апартман во воената болница и не му ги пренел надлежностите на потепретседателот Мајк Пенс.

Според протоколот за континуитет на влада во случај претседателот да е оневозможен да ги извршува своите должности, надлежностите ги презема потпретседателот, а доколку не може ни тој, тогаш претседателот на Претставничкиот дом, или во случајов демократката Ненси Пелоси.

Што се однесува на досегашниот третман за Ковид-19, американскиот претседател Доналд Трамп доби ветувачки, но експериментален лек кој сè уште е во фаза на клинички испитувања, соопшти Белата куќа.

Шон Конли, личниот лекар на Трамп информираше дека го третирал претседателот со осум грама доза на експерименталниот коктел со антитела на Регенерон. Трамп исто така добил цинк, витамин Д, аспирин, мелатонин и лек против жиговина, за кој се смета дека помага во борбата против Ковид-19.

Не му е потребен „дополнителен кислород“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кај кого беше дијагностициран новиот коронавирус, почна да зема антивирусен лек Ремдесивир. Не му треба „дополнителен кислород“.

Тоа го соопшти Шон Конли лекарот на 74-годишниот шеф на државата, кој се кандидираше за втор мандат, јавија американски медиуми.

Трамп објави видео порака снимена во Белата куќа пред да замине кон воениот медицински центар Волтер Рид во Мериленд. Во неа тој им се заблагодарува на луѓето за нивните желби и вели дека се е во ред со него и првата дама Меланија.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, не треба да во доброволна изолација и може да продолжи да ги извршува своите секојдневни должности нормално. Тоа го изјави лекарот од Белата куќа според соопштение од американската влада.
Претседателот на САД, кој беше пренесен во воената болница Волтер Рид за лекување заради коронавирусот не му ги пренесе овластувањата на потпретседателот Мајк Пенс, изјави претставник на Белата куќа.

Трамп беше префрлен во воената болница Волтер Рид во предградие на Вашингтон, каде ќе ги помине следните неколку дена. Тоа е мерка на претпазливост откако претседателот беше позитивен на Ковид-19, изјави портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекнани.