„Твитер покажа дека се што е кажано за нив е точно. Следува голема акција“, напиша претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер откако беше обвинет дека шири лажни вести.
Твитер, во непто што е евидентен скандал, вчера се вклучи во војната на демократите против Трамп, откако ги повика корисниците да ги проверат податоците во твитовите што тој ги објавил, предупредувајќи дека неговите тврдења во врска со гласањето се покажале за невистинити.
Американскиот претседател веднаш одговори, тврдејќи дека компанијата се меша во претседателските избори во САД.
„Твитер целосно ја задушува слободата на говорот и јас, како претседател, нема да го дозволам тоа!“, напиша Трамп.
Синиот извичник ги предупредува корисниците да ги „проверат фактите за дописното гласање“ и ги насочува кон страница со написи од весници и информации што тимот за тврдења на Твитер ги дознал за тврдењата на Трамп.
„Трамп тврди неосновано дека дописното гласање ќе доведе до изборни злоупотреби“, е еден од насловите на горниот дел од страницата.
Претседателот на САД, кој има 80 милиони следбеници на Твитер, порача во твитовите порано во текот на денот дека дописното гласање ќе биде „суштински неправедно“ и ќе резултира со „лажирани избори“.
Твитер потврди дека ова е првпат да се применува специјално правило за обележување на твит на американскиот претседател, откако е воведена новата политика на компанијата, претходно овој месец во врска со објавувањето „погрешни информации“.