Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака неговата втора средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се одржи по изборите за американскиот Конгрес, закажани за 6 ноември.
Трамп изјави дека во моментов е премногу зафатен со изборната кампања, во која тој агитира за републиканските кандидати.
– Сега едноставно не можам, рече тој.
Трамп информира дека во тек се подготовките за втората средба со Ким и дека во план се три или четири локации.
– Средбата најверојатно нема да биде во Сингапур, каде што се одржа првата на 12 јули, а може да биде во САД или Северна Кореја, прецизира Трамп.