Претседателот на САД, Доналд Трамп, иронично изјави дека за нерегуларности во текот на гласањето на конгресните избори, веројатно, треба да биде обвинета Русија.
Трамп на Твитер го прокоментира повторното пребројување на гласовите на Флорида и во Џорџија и напиша дека во тие две држави „дури сега се пронаоѓаат гласови, иако изборите се одржани пред три дена“.
– Сакате да кажете дека во Флорида и во Џорџија дури сега пронаоѓате гласови, иако изборите се одржаа во вторникот? Ајде и за тоа да ги обвиниме Русите и да бараме од претседателот на Русија, Владимир Путин, веднаш да се извини, напиша иронично Трамп.
Објавата на американскиот претседател се однесува на обвинувањата дека Русија во име на Путин се мешала во изборите во САД во 2016 година, како и во предизборната кампања, потсетува Спутник.
За наводното мешање на Русија досега не е пронајден ниту еден доказ во текот на истрагата која ја води специјалниот обвинител на САД, Роберт Милер.
Москва остро го отфрла мешањето во политиката на други земји, вклучувајќи ги и САД.