Володимир Зеленски требаше да се договори со Владимир Путин и да се откаже од идејата за влез во НАТО, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

– Тие некако можеа да го решат проблемот со НАТО, велејќи дека нема да влезат во Алијансата. И тогаш ќе имаат држава, бидејќи сигурен сум дека Путин ќе сакаше да преговара, рече Трамп во емисијата The Clay Travis & Buck Sexton Show.

Според Трамп, во сегашните околности ќе биде многу потешко да се постигне каков било договор, но сепак не треба да се откажеме од обидот да го направиме тоа.

Трамп додаде и дека Зеленски треба да размисли за признавање на Крим.