Антируските санкции не ја одразуваат реалноста на глобалната политика и економија, изјавил рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со претставници на металуршката индустрија во Русија.

– Веќе реков дека овие одлуки ги донесоа западните земји поради политички интереси – актуелни, опортунистички, кои не ја одразуваат реалноста на глобалната политика или глобалната економија, рекол Путин.

Како што пренесуваат руските медиуми, Путин додал дека „западните политичари не се грижат за луѓето“.