Додека беше министерка Јована Тренчевска на пензионерите име „беа доволни“ пензиите за живот, додека тие протестираа поради ниските пензии. Денес, пак, како опозиционерка Тренчевска „штрајкува“ на прес-конференции додека пензионерите живеат со значајно покачени пензии, а не како од нејзиното време колку за пакета цигари или половина килограм месо.
Во продолжение целата прес-конференција на бившата министерка за труд и социјала, а сега опозиционерка и потпретседателка на СДСМ. Од збор до збор:

51 милион евра, пари на граѓаните, не се префрлени во вториот пензиски столб заклучно со 31 октовмри! Криминалната власт на Мицкоски и неговата ВМРО-ОКГ ги доведе во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани, на сите родени после 1 јануари 1967 година кои се во вториот пензиски столб.
Пари што им припаѓаат на граѓаните, на работниците, заработени со нивниот труд, издвојувани секој месец од нивните плати, со една единствена цел – да имаат сигурна и достоинствена пензија кога ќе го завршат работниот век.
Арамијата Мицкоски и неговата банда го доведоа Фондот за ПИОМ до сериозна финансиска неодржливост.
Дупката во ПИОМ ја зголемија на една милијарда евра.

Сега го загрозија и вториот пензиски столб.
Ја искрадоа државната каса за криминални тендери, ја задолжија државата со милијарди евра нови долгови, сега посегнуваат и по личните пари на граѓаните.

Нема пари за работниците, нема пари за пензионерите, нема при за повисока минимална плата. Нема пари земјоделците. Нема пари за повисок студентски оброк.
Пари има само за криминалните тендери на власта.
Префрлањето пари во вториот пензиски столб не е волја на Мицкоски, туку законска обврска на директорот на Фондот за пензиско осигурување.
Има законски рок од 5 дена во кој мора ги префрли парите во вториот пензиски столб.

Затоа, бараме реакција од Јавното обвинителство и кривична одговорност.
Бараме парите веднаш да бидат префрлени.
Пензиите не се милост на Мицкоски и за ова мора да има одговорност!




