Итно формирање билатерален тим кој ќе работи на прашањето на трговските марки побара новизбраниот претседател на Асоцијацијата на извозници (СЕВЕ) Џорџ Констандопулос.
Според него предвидениот период од три години за да се реши прашањето е премногу долго време. За таа цел тој разговарал со генералниот секретар за меѓународни економски односи и развој во грчкото МНР, за кого се зборува дека е искусен дипломат со 20-годишно присуство во Брисел.
Барањето за забрзување на процесот е мотивирано, како што објаснува Констандопулос, од тоа што „компании во Скопје ќе го користат натписот „Made in Macedonia“, додека тие во Грција ќе го користат „Made in Greece“. Од друга страна има многу силни извозни компании од северна Грција (главно Солунско) како МЕВГАЛ и МЕЛ кои своите призводи ги извезуваат под брендот „Macedonia“.
Каде е проблемот на компаниите од северна Грција? Тие сmетаат дека во Атина не се свесни за проблемот и дека сега „ќе требаат војници“ за битка за брендовите, кои „sоседот ги користеше во состав на поранешната југословенска федерација, но не и како држава под фоrмално име“.
„Сега одеднаш се појавува држава Северна Македонија, која е единствен ентитет со име Македонија во ОН, покрај некои делови на Грција. Тука има неколку проблеми, а еден е секако брендирањето, посебно за производите од Солун, Пиериа, Преспа, Костур, Кожани. Исклучок е виното, за кое и покрај големата контроверза, ние победивме како и за ципурата и за узото“, се вели во реакцијата од СЕВЕ.
Од таму додаваат дека сите знаат за „македонскиот пипер“, но никој не го заштитил брендот. Затоа, како што критикуваат тие, агенциите во Грција „Деметра“ и „Агроцерт“ се многу лежерни, а „компаниите во Скопје се агилни и ќе заштитат во периодот од три години многу продукти под името „Macedonia“ или „Macedonian“.
Претставнивците на бизнис заедницата се надеваат дека, сепак, во билтаералните групи ќе се разговара непристрасно, а притоа ќе се има во предвид дека Грција во Македонија има инвестирано над 1 милијарда евра и отворила многу работни места.
Инаку, во Законот за индустриска сопственост, каде се дефинирани правата од индустриска сопственост, како посебно право е дефинирана „ознаката на потеклото на производот, начинот на нејзиното востановување и условите за нејзино користење. Со ознаката всушност се штити географски назив на производот чии посебни својства претежно се условени од местото, одноно подрачјето на кое се прозведени, дококу тие својства настанале по природен пат, под влијание на поднебјето или почвата или на вообичаен начин и постапка на прозиводство, односно обработка“.
Секако, ова е според дефиницијата во учебниците, а како сето тоа ќе се одвива на преговарачка маса останува да се види. Видовме дека земји кои се побрзи првин го регистриаат прозиводот, како ајварот на пример, а Грците виното.
Сепак, и македонското вино е ценето на светскиот пазар, како и многу други прозиводи, а тоа значи сигурно ќе се води жестока битка за брендовите, кодовите, граографските подрачја…