На територијата на државата денеска, до 18:00 часот, се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а осум се изгаснати.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Пробиштип, во атарот меѓу селата Плешинци и Стрмош, каде што гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума; во Општина Куманово, во атарот на селото Винце, каде што гори сува трева; и во Општина Петровец, на потегот од селото Горно Коњари кон селото Винце, каде што се зафатени сува трева, грмушки и шума.
Под контрола е ставен пожарот во Општина Кавадарци, над депонијата во Росоман, каде што гореше сува трева.
Изгаснати се пожарите во Општина Могила, помеѓу селата Српци и Беранци (жито); во Општина Велес, кај Бојаџиина Чешма (сува трева, трње и лозови насади); во Општина Струга, кај „Генц Комерц“ (ниска вегетација и стрниште); во Општина Студеничани, во селото Студеничани (ниска вегетација); во Општина Врапчиште, во селото Неготино (сува трева); во Општина Струга, во селото Делогожда (сува трева); во Општина Куманово, кај Споменикот Костурница (сува трева и борова шума); и во Општина Гевгелија, на потегот од селото Миравци кон селото Петрово (сува трева), соопшти ЦУК.




