Дезертерот (Димитар) Ковачевски е на чело на соларниот картел од аферата Броило, тежок 26 милиони евра, се истакнува во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението од СДСМ дека премиерот го оцрнуваат оти е „чесен човек“.

Опозициската партија, во реакцијата која ја објавуваме подолу, од СДСМ бара да одговори на следниве прашања:

Дали дезертерот Ковачевски е основач на фирмата Пискел која е централен дел од аферата Броило?

Дали фирмата Пиксел има добиени 2 милиони евра државни тендери додека СДС е на власт?

Дали Паунов е кум на дезертерот Ковачевски и сопственик на фирмата КМГ ЕОЛ Квазар која само со ЕВН има договор од 2 милиони евра?

Одговорот на сите прашања е потврден, велат од ВМРО-ДПМНЕ и доадаваат
„затоа дезертерот Ковачевски е на чело на соларниот картел од аферата Броило тежок 26 милиони евра“.

Во продолжение, ВМРО-ДПМНЕ најавува нови детали за аферата Броило:

Додека граѓаните немаат за леб, дезертерот Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, преку злосторничко здружување екстра профитираат. За кризниот профитер Ковачевски броилото врти за богатење, додека за граѓаните броилото врти за осиромашување. Во време на енергетска криза, тргувајќи со влијание, профитерот Ковачевски врти над 26 милиони евра, пари на граѓаните. Додека стопанството плаќа дупло поскапа цена на електричната енергија од регионот, а граѓаните плаќаат енормно високи сметки за електрична енергија, Ковачевски и неговиот кум, Горан Паунов изградиле соларен картел за лично богатење, се вели во соопштението.

Фирмата Пиксен, се додава натаму во реакцијата, која е основана од Димитар Ковачевски и неговиот кум, и преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар изминативе години, само од државните институции земале над 2 милиони евра.

– Над 1,8 милиони евра, соларниот картел земале и од ЕВН, која дел од сопственоста е на државата, каде што сега премиер е профитерот и дезетер Ковачевски. Исто така фимрите на Ковачевски и Паунов добиваат и државна помош. Аферата Броило продолжува и денес, каде што ќе бидат објавени нови докази за над 26 милиони евра вредниот соларен картел на Ковачевски и неговиот кум Паунов. Димитар Ковачевски е главата на ова злосторничко здружување. За секој сторен криминал, злоупотребувајќи ги кризите во Македонија ќе има одговорност, наведува ВМРО-ДПМНЕ во врска со оваа афера.