Силен земјотрес со интензитет од 7 степени по Рихтер го погоди островот Бали и Ломбок при што според последните информации загинале најмалку три лица. Издадено е и предупредување од цунами.
Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 15 километри во близина на северното крајбрежје на Ломбок.

Очевидци велат дека потресот траел 15 секунди, а потоа настанала глема паника.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот бил почувствуван низ Индонезија, на Јава и на Бали, каде луѓето во паника истрчале на улица.

Кон крајот на јули, островот го погоди земјотрес во кој загинаа 14 луѓе.