Шпанија, Русија, Турција, како и државите од Латинска Америка денес изнесоа осуда на обидот за атентат врз Николас Мадуро, претседателот на Венецуела.

Шпанското МНР соопшти дека владата во Мадрид осудува секакво политички мотивирано насилство во Венецуела. Мадрид смета дека политичката криза може да се реши на „мирен дмократски начин“.

Осуда дојде и од Москва. „Веруваме дека употреба на терористички методи како дел од политичка борба е целосно неприфатливо, очигледно е дека овие акции имаат за цел да ја дестабилизираат состојбата во земјата по неодамнешниот Конгрес на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела која како приоритет ја наведе рехабилитацијата на  економијата во државата“, се наведува во соопштението на руското МНР.

Нападот, кој се случи вчера, исто така го осудија претставниците на Салвадор, на Хондурас, на Боливија и на Никарагва.

Одговорноста за несупешниот атентат ја презеде мистериозна организација составена од војници и од цивили. Преку пораката на Твитер организацијата Национално движење на војници без маици напиша дека тие фрлиле „две беспилотни летала наполнети со експлозив Ц4“. Дроновите биле неутрализирани со снајперски оган.

 

Болтон: САД не се вмешани во обидот за атентат

Американската влада не е вмешана во вечаршниот обид за атентат врз Мадуро, изјави денес Џон Болтон, советникот за национлна безбедност на Белата куќа.

-Можам беспоговорно да кажам дека нема вмешаност на владата на САД во целата ситуација-изјави Болтон за Фокс њуз.